Во екот на неделата на висока мода во Париз, вчера се одржа првата гала вечера на фондацијата на Vogue Paris, настан на кој се здружија најзначајните модни и дизајнерски личност за да дадат поддршка на современите модни колекции во „Модниот музеј на град Париз“.На свеченоста присуствуваше Оливие Сеилард, директор на музејот Галиера каде што се одржа гала настанот, градоначалникот на Париз, Ан Хидалго, како и Џонатан Њухаус и Хавие Ромамет од компанијата „Конде Наст“, издавачот на Vogue. Секако, забавата не можеше да се замисли без гламурозните манекенки, талентираните модни дизајнери, познатите актерки и други личности од јавниот живот.
Нема коментари