По повеќегодишна пауза манифестацијата што ја спојува модата со музиката, Fashion Rocks, се врати на програмата на Њујоршката модна недела. Настанот што се одржа вчера во Барклис центарот во Бруклин го водеше Рајан Сикрест, на сцената се појавија Џенифер Лопез, Рита Ора и „Дуран Дуран“, а погледнете како изгледаше црвениот килим. Доминираше црната боја и смелите изгледи, минималистички стајлинзи, а можеа да се видат и црно-бели комбинации, мини фустани и градници што ѕиркаат под палтата.
Нема коментари