Корално-црвени, креч-бели и индиго-сини модели доминираа на црвениот килим на вчерашното доделување на престижните телевизиски награди Emmy. Општ впечаток е дека од актерките и комичарките успеале да го испочитуваат дрескодот на свечената манифестација, одбирајќи елегантни креации од кои поголем дел беа класични, а дел со модерна нишка. Сепак, имаше и такви што разочараа со неадекватните тоалети. Црвената очигледно беше боја на вечерта. Таа беше изборот на Џулија Луис-Драјфус, која вечерта си замина дома со наградата за најдобра женска улога во комедија. Таа изгледаше олдично во толета припиена за телото со потпис на Каролина Херера. Позитивно изненадија во корално-црвени креации актерката Кејли Куоко од во The Big Bang Theory со неколкуслојниот лелеав фустан со роозвио детали од Monique Lhullier , како и моделот и ТВ-лице Хајди Клум, која конечно се облече неразголена, елегантна креација од Зак Позен.
Актерките-колешки од серијата „Маркетинг директори“, Кристина Хендрикс и Џенуари Џонс се одлучија за раскошни креаци, првата од Marchesa, a втората од Prabal Gurung. Едно од најдобритеизгледи на свеченоста на Emmy беше на Клер Дејнс, која можеби на ја доби наградата засвојата изведба во „Татковина“, но сигурно е межу модните победнилки со црвената креациај од тантела од „Живанши“. Црвената боја беше избор и на ТВ-водителката Џулијана Ранчич, која носеше тоалета од Gustavo Cadile и чевли од Christian Louboutin. Одушеви и Мини Драјвер во модел од Kaling’s Kenzo и актерката од „Современо семејство“, Сара Хајленд, која имаше бел топ и корално-црвено раскошно здолните.
Силен личен моден печат оставија неколку дами, меѓу кои Кери Вашингтон, Лизи Чеплен, Робин Рајт, Алисон Вилијамс, Лена Хеди и Џулија Робертс. Новата модна икона, која важи за една од најубаво облечените ТВ-актерки, Кери Вашингтон се појави во портокалова креација од „Прада“ со мал неочекуван, но ефективен момет, кусо црно здолниште со надзира под шлицот. Елегантна и драматична беше актерката од Masters of sex, Лизи Чеплен која носеше црно-бела креација од Donna Karan Atelier. Самоуверено и грациозно на црвениот килим зачекори Џулија Робертс во нетипична креација, краток широк темносина фустан од Elie Saab, како и Робин Рајт која избрала бел комбинзон во вид на машки костум од Ralph Lauren.
Еден од најмодерните фустани го имаше младата актерка, ѕвезда на „Девојки“, Алисон Вилијамс во двобоен модел Giambattista Valli Couture и чевли од Brian Atwood. Во свежа, иновативна креација се појави и актерката од Downton Abbey, Мишел Докери, која имаше бел фустан со зелени и сини детали од Rosie Assoulin. Авторката на „Девојки“, Лена Данам, за разлика од својата соработничка Алисон влезево категоријата на лошо облечени, со моделот од Giambattista Valli, кој почнува како бела кошула и се прелева во црвен неколку слоен фустан.
Бели-кралици на вечерта беа Софија Вергара, Ана Чламски, Кејт Мара, која избрала фустан од J Mendel и ѕвездата на Оrange Is The New Black, Тејлор Шилинг со кремасто-бел модел од Zuhair Murad. Бела боја одлично им прилегаше на Џулиен Хју во фустан од DSquared, Луси Лу со креација од Зак Позен и Кетрин Хејгл во сатен креација до долги ракави.. Лорен Персикиан, сопругата на Арон Пол, од Breaking Bad, исто така одушеви со бела тоалета, за разлика од нејзе , понежната половина на Метју Меконахи, Камила Алвс, иако беше секси,сепак направила погрешен избор на фустан за манифестацијата.
Доста внимание предизвика Сара Полсон со раскошниот црн фустан од тантела со црвени точки со од „Армани“. Џули Бовен отскокнуваше со цветен модел, а нејзниата колешка од „Современо семејство“, Ариел Винтер беше во фустан со црно-бели пруги.
Нема коментари