Еден од најважните општествени настани во каленсарот на кралското семејство во малото кнежество Монако е хуманитарниот „Бал на розит“е, востановен од страна на Принцот Рение од Монако и неговата сопруга принцезата Грејс. Во саботата се одржа 61-то издание на балот, оваа година на тема „Арт деко“ и со креативен изглед спакуван од страна на модниот дизајнер Карл Лагерфелд. Дизајнерот во последните години е редовен на балот и вообичаено за настанот ги облекува принцезата Каролина и нејзината ќерка Шарлот Казираги во креации од „Шанел“. Домаќини на балот се токму Каролина и нејзиниот брат Принц Алберт, кои улогата ја презедоа од нивните родители Рение и Грејс, а забележани беа и братот на Шарлот, Пјер Казираги со неговата девојка Беатрис Боромео. Главна на музичката сцена беше Лили Ален, исто така облечена во модел на „Шанел“, која успеа да ги разигра членовите на кралското семејство.
Нема коментари