На вчерашниот настан наречен amfAR Inspiration Gala што се одржа во Лос Анџелес се појавија Ријана, Гвинет Палтроу, Шерон Стоун, Мајли Сајрус, Џенуари Џонс, Џастин Тибмерлејк, но ѕвезда на вечерта беше дизајнерот Том Форд кој доби признание за својата филантропска работа со хуманитарната организација amfAR. Актерката Палтроу беше водител на настанот, на сцената се обрати Шерон Стоун која водеше аукција, а Ријана го најави дизајнерот изјавувајќи „Секој изгледа добро во креација на Том Форд“. А негови креации носеа Гвинет, Ријана, Џенуари, Мајли и поголем дел од присутните гости. Откако Форд ја прими наградата, забавата ја затвори Дајана Рос со концерт на кој ги ислолни своите најголеми хитови.
Нема коментари