Некои од најпознатите музички имиња вчера се појавија на доделувањето на Американските музички награди (AMA), а на црвениот килим покажаа разновиден моден избор – вечерни тоалети од колекциите на висока мода, необични комбинации од костими со панталоно, но и смели миксови и разголени креации. Вниманието го украде Џенифер Лопез која иако има 45 години, се осмели да се појави во беж фустан кој открива поголем дел од телото, додека пак многу помладата Селена Гомез се појави покриена во црно од глава до петици. Погледнете што носеа Рита Ора, Ферги, Хајди Клум, Ники Минаж и останатите гости на AMA.
Нема коментари