Француската дизајнерка на уникатни чанти Олимпија Ле-Тан инпирацијата за своите нови креации ја нашла во ликовите од цртаните филмови на „Дизни“. Малите чанти во неколку форми на својата површина имаат апликации со дизиневата верзија на Снежана, Алиса во Земјата на чудата, Петар Пан и Заспаната убавица. Со овие креации Олимпија Ле-Тан ја продолжува својата несекојднавна серија од клач чанти со насловници од познати книжни класици. Новите модели може да се набават онлајн, на Net-a-Porter.
Нема коментари