Дизајнерката на накит Еми Норис промовира нова колекција на фанки накит преку моден едиторијал направен во соработка со Даниела Ѓуровска и Александра Трпеска од модниот блог Fashion Lab DNA. За создавање на колекцијата авторката употреби интересен материјал – врвки за чевли во разни бои, со кои направи 25 рачно изработени парчиња накит, како ѓердани, дупли ѓердани, алки, обетки и сетови.
Еми Норис е инспирирана од обувките и врвките, како симбол на постојано движење, патување, акција и желба за промени. Преку оваа колекција дизајнерката го поставува прашањето ‘Кога модниот додато престанува да биде додаток и ја превзема водечката улога во модниот израз?‘. Оттука и насловот на колекцијата Crossover или Премостување, во смисол премостување на модниот додаток во друга модна категорија и има за цел поместување на границите на накитот како моден додаток. Според Еми новите парчиња накит се наменета за бунтовните, урбани девојки и жени кои не се плашат да бидат свои и да ги поместуваат границите. Колекцијата ќе биде претставена на саемот за современа уметност „Паратисима“, што ќе се одржи од 12 до 15 јуни во МКЦ, а е посветена на нејзиниот брат.
Нема коментари