Black and white… and all in the middle
Кога пролетта доаѓа, се слави љубовта и виното, пристигнува и претпролетната колекција на „Алшар“. Овие креации се игра од црна и бела боја, а на нив доминираат асиметричните форми и металните детали. Колекцијата содржи здолништа, фустани, кошули со асиметрични ракави наменети за посебни пролетни моменти.
Новите креации на Силвија Михалјовска за „Алшар“ фотографирани се во ателјето на Микица Трујкановиќ, пред нејзините уметнички дела со интензивни бои, како контраст на црно-белата палета во колекцијата.
Прикажани се мал дел од креациите кои може да се погледнат во ателјето „Алшар“, а колекцијата постојано ќе се надополнува со нови модели.
Дизајнер: Силвија Михајловска
Фотограф: Крсто Златков
Модел: Маја Илиоска
Нема коментари