Со црбо-бели фотографии, снимени од познатиот тандем Мерт Алас и Маркус Пигот, италијанскиот бренд „Версаче“ , ја промовира колекцијата пролет-лето 2014. Во фокусот е манекенката Ана Јуерс, која ги носи клучните креации од линијата на брендот, со стајлинг на Џое Мекена. Покрај парчињата облека на фотографиите се и впечатливи модни додатоци, како чанти, накит, очила за сонце и со диоптер. Заштитно лице на „Версаче“ е поп-ѕвездата Лејди Гага.
Нема коментари