Елеганти црни фустани, што го враќаат стариот холивудски гламур, но и модерни и младешки бели или црно-бели креации вледееа на црвениот килим на светската премиера на популарната епска серија „Игра на тронови“, што завчера се одржа во Њујорк. Најголемо внимание предизвикаа двете кралици и ѕвезди на шоуто, Емилија Кларк и Лена Хеди, кој се појавија во слични црни креации и стајлинзи. Кларк, изгледаше женствено и моќно во модел од американската дизајнерка Дона Каран. Хеди, пак не остапи од својот бунтовнички имиџ и фустанот го комбинира со моторџиска кожна јакна.
Нешто помладешки и подевојчешки изгледаанивните помлади колешки, кои ги играат сестраите Старк, Мејси Вилијамс и Софи Тарнер. Актерките, кои се блиски другарки приватно, се одлучиле за коктел фустани, Мејси избрала бел модел, а Софи црно-бела шик креација.
Ова беше вечер на дамите на „Игра на тронови“. Интересни модни решенија преставија и Соси Натали Еманиел која избрала црн комбинезон со портокалова гала опашка, Гвендолин Кристи, која носеше краток вел фустан комбиниран со црна прекривка, а на горниот дел има апликација со цвет , што неодоливо потесутва на ланската пролетна колекција на нашата креаторка Александра Митковска.
Модниот тренд за фустан во стилот на 50-тите години го следи Карин ван Хаутен, која носеше сребрен модел без ракави. Турската ктерка Сибил Кекили направила елегантна комбинација на бел фистан со кусо црно палтенце, а во бела модел се појави и црвенокосата Роузи Лесли.
Четвртата сезона на епско-фантастичната серија, работена по книгите „Песна за лед и оган“ од американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, во светски рамки ќе почне да се емитува на 6 април, а кај нас на HBO еден ден подоцна.
Нема коментари