Трендовите доаѓаат и си одат во уличната мода. Оваа стилска писта од секојдневнието лесно преџвакува дури и најуникатни и највпечатливи модели. Ретки се тие што се враќаат, повторуваат или остануваат. Во листа на неколку т.н. класици на уличната мода се црните тесни фармерки, кои се чини дека постојано се актуелни. Речиси и да нема модна блогерка и инфулансерка на социјалните мрежи што нема барем една комбинација со нив. Иако е едно од најзастапените парчиња, сепак важи за дискретна креација, која не е во преден план и секогаш е во функција на стајлингот. Секоја сезона добиваат нов живот во комбинација со актуелните трендови, а повремено, како оваа сезона, и тие се носечките модели.
Традиционално добар спој се со џинс јакните и кошулите, со маичките со принт, блузите на пруги со бинис палтата и кожените јакни. Оваа зима се носат со масивни џемпери, со плетени ролки, со кимоно, модели од кадифе, со фустани од свила или тантела, со тренерка со волумен и бунда во боја. Ова е модел што може да се комбинира со парчиња за во канцеларија: кошули со панделка околу вратот, сакоа, свечени блузи, па дури и туники и фустани со построг крој. Има примена и во ноќните и свечени стајлинзи, со црна ролка, нежен транпсрентен фустан или блуза и со модели со цикрони и светки.
Како и црните хеланки, тие се добра и топла база за повеќесојно облекување. Одлично се поклопуваат со обувките актуелни оваа сезона: чизми до глужд,со набори, моторџиски модели, или со патики. Покрај еднобојната класична варијанта, можеда се носат збогатени со бисерни и метални додатоци, со лента на страна или исечени кај колената.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари