Безвременската и класична модна комбинација од црна облека и златен накит е постојано привлечна, тоа е комбинација која што ја носиме носиме во секоја сезона. Клучот на успешниот стајлинг е во умешното спојување на класичните модни парчиња со детали во кои трендовите се вметнати во мала доза. На пример, неколку сезони наназад носиме деликатен златен накит, тенки ланчиња со привезоци, обетки во архитектонски дух, а за есенва се најавува враќањето на синџир-ѓерданот. Овие парчиња накит потоа се комбинираат со црни фустани, блузи со тенки прерамки или со нагласени ракави, а во поладниот период со ролки, џемпери и сакоа.
Нема коментари