Над 30 домашни дизајнери, креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават на 14. издание на „КрафтАРТ Фест“, што на 10 декември ќе се одржи во хотелот „Арка“ ( 7 кат) во срцето на Старата скопска чаршија. На еднодневниот настан, кој се одржува традиционално пред новогодишните празници, ќе бидат претставени уникатни рачно направени производи и додатоци.
Продажната изложба ќе биде отворенa во 10 часот и ќе трае до 20. Посетителите на фестивалот на уметнички занаети ќе можат да најдат традиционални и современи македонски, рачно изработени предмети како керамика, накит, бакарни производи, топлинки, честитки, чанти и модни додатоци. Овој настан ги претставува уникатните македонски рачно изработени производи пред широката публика и истовремено создава приход за ракотворците.
Продажната изложба на уметнички занаети е организирна од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) и хотелот „Арка“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари