Познатата модна уредничка Карин Ројтфелд ја изведе првата интернет-ревија за собирање пари за борба против Ковид-19
Карин приреди модна ревија со повеќе манекенки кои дефилираа од своите домови. Таа го организира настанот CR Runway заедно со организацијата amfAR и преку својата модна публикација CR Fashion Book, а дигиталната модна ревија се прикажа на You Tube. Триесетминутното специјално шоу наречено „Модни соединувања“ беше во режија на Фабиен Констант, а домаќин беше Дерек Бласберг.
На ревијата се појавива некои од најголемите имиња во модната индустрија, како што се Ирина Шајк, Карен Елсон, Ева Херцигова, Каролина Куркова, Алесандра Амброзио, Ешли Греам, Карли Клос, Џоан Смолс, Наташа Поли, Ким Кардашијан Вест и Адријана Лима. Манекенките носеа креации од нивните лични гардероби, кои Ројтфелд и нејзиниот тим ги стилизираа од далечина. Во видеото за ревијата се појавуваат бројни дизајнери како Вирџил Абло, Александар Ванг, Оливие Рустен, Марија Грација Кјури, Жакемус, потоа првиот човек на amfАR и главниот научник на центарот за истражувања на оваа организација, а совети за туторијали за шминка дадоа познатите експерти, како на пример шминкерот Том Пешо.
-Бидејќи се соочуваме со времиња на голема несигурност, нашата поддршка е поважна од кога било досега. Прифаќајќи ја модата како креативен израз со кој го поддржуваме здравјето и безбедноста на нашите глобални заедници, се надеваме дека ова шоу може да понуди мал момент на надеж и инспирација. Скромен придонес додека нашиот свет се обединува заедно да ја преживееме бурата од оваа пандемија – вели Ројтфелд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари