„Што ако жените владеат со светот?“ пишуваше на одгромно платно поставено на почетокот на пистата на ревијата за новата колекција на висока мода на „Диор“, со која дизајнерката Марија Грација Кјури ја продолжува феминистичката мисла во креациите на старата париска модна куќа. Со ревијата на „Диор“ започна Париската недела на висока мода, следуваат неколку дена на haute couture колекции за пролет 2020.
„Диор“ новата визија на висока мода ја презентира на ревија во музејот на Роден, преку манекенките претставен како божици „облечени“ во злато. Материјалите се „движеа“ како течно злато, а Кјури преку моделите ја нагласи женската силуета и женственоста.
Нема коментари