Во Копенхаген од 2 до 4 февруари се одржа модната недела која овој пат беше целосно во дигитален формат, па фотогафите на улична мода вниманието го свртеа кон локалните жители. Резултатот од хрониката на познатиот „стритстајл“ фотограф Адам Кац, е серија на оригинален и модно освестен стил.
Скандинавците неретко се трендсетери, како во случајот со штепованите јакни, а деновиве носеа колоритни комбинации, широки панталони и сакоа, синџири како детали, New Balance патики, кожа во боја, топли јакни и капути.
Модната недела во Копенхаген е водечка во нордиските земји, претставува некои од модните брендови кои станаа светски познати (Ganni, By Malene Birger, Stine Goya, Henrik Vibskov), a со своите политики се смета за главен моден град на самоодржливата мода.
Нема коментари