Модната куќа на славниот дизајнер Мартин Марџела ќе застане зад уште една колекција на патики од урбаниот бренд за обувки, „Конверс“. По успехот на есенската колекција, кај која понуди поавангардно решение за класичните патики, сега француската модна куќа Maison Martin Margiela креира нови обувки со кои ќе бидат споени иновативноста и препознатливиот стил на двете фирми. Соработката подразбира подобрување на дизајнот и квалитетот на култните бели модели на All Star Chuck од 70-тите и Jack Purcell. За моделоте ќе се користи ултра мека кожа која ќе ги направи поиздржливи но и поудобни патиките.
Нема коментари