Вкусен чоколаден десерт збогатен со боровинки, малини, капини или доколку повеќе сакате јагоди или вишни, како пример за сладок оброк за викенд дружење со пријателите. Чоколадото и овошјето се одлична комбинација, а за овој рецепт ви се потребни само 15-тина минути. Еве како…
Состојки:
- 75 грама темно чоколадо
- 4 лажици немастен јогурт
- 2 лажици шеќер
- 2 белки од јајце
Подготовка:
Растопете го чоколадото над пареа (ставете го во ватростален сад кој се грее над тенџере со зовриена вода) и мешајте додека не се стопи. Потоа оставете го чоколадото да се олади 5-10 минути и измешајте го со јогуртот. Во друг сад изматете ги белките и шеќерот, а потоа со лажица постепено додавајте го снегот од белки во чоколадната смеса. Со лесни движења измешајте ги сите состојки додека не се добие компактна смеса. Во десертни чаши прво ставете од овошјето по ваш избор, а врз него од чоколадниот мус. Чувајте во фрижидер до моментот на сервирање.
Нема коментари