Не можеме да одолеме на чоколадните десери, нели? Но, внимаваме и на здравјето и што јадеме. Затоа еве еден рецепт за здрав и чоколаден десерт, односно поздрава верзија на чокладен пудинг. Се користи темно чоколадо и една необична состојка – просо.
Просото е житарка што може да се користи на различни начини, во солени, но и во слатки јадења како во овој рецепт. Сè што ви треба за овој пудинг со просо се неколку состојки и околу половина час за подготовка.
Чоколаден пудинг од просо
Состојки:
• 1 чаша варено просо
• 1 лажичка какао во прав
• 1 лажица сируп од агаве
• малку сол
• 1/3 чаша лешници (пржени / печени по желба)
• 1/3 лажичка млеко од лешник или ориз
Постапка за подготовка:
Сварете го просото. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете мазен пудинг. Пробајте малку пудинг за да проверите дали има вкус и згуснување, а потоа додадете повеќе засладувач, какао или млеко по потреба. Ставете го пудингот во тегли или чаши и ставете го во фрижидер најмалку еден час. Украсете со парчиња ореви, овошје или здрави додатоци пред сервирање.
Нема коментари