Coca Cola во соработка со Moschino лансира лимитирана колекција со специјално брендирани лименки. Линијата Coca Cola Loves Moschino беше претставена за време на Модната недела во Милано. Под креативното водство на Џереми Скот создадени се три шари, препознатливи за Moschino, кои се аплицирани на лименките и шишињата. Колекцијата наречена Coca Cola Loves Moschino ќе се најде во продажба до декември, а ќе има понудено лименки од 330 мл и шишенца од 500 мл и 1,75 л. Ова не е првпат „Кока кола“ да соработува со некоја модна куќа. Досега лименки на овој бренд имаат дизајнирано Марк Џејкобс и Карл Лагерфелд.
Нема коментари