За нешто помалку од 20 дена Клаудија Шифер ќе го лансира својот бренд Claudia Schiffer Make Up, линија на шминка креирана во соработка со козметичката компанија Art Deco. Линијата на декоративна козметика ќе содржи кармини, руменила, сенки за очи, коректори, пудри, лакови за нокти, спакувани во бледорозова амбалажа со златни детали. Шминката на поранешната супермоделка ќе се продава од 5 септември, a Шифер ги следи стапките на своите колешки манекенки Миранда Кер, Кејт Мос, Роузи Хантингтон-Вајтли кои исто така промовирале свои козметички брендови.
Нема коментари