Чизмите до глужд со минимална штикла и со карнер од J.W. Anderson се едни од одмилените на трендсетерките и ѕвездите на уличната мода. Пернил Тајсбек, Сузи Бабл, Венеса Хонг и други блогерки ги избраа овие обувки од ресорт колекцијата за 2016 на брендот. Најчесто ги комбинираа во едноставни кежуал варијанти, со фармерки, или хеланки, и блузони и џемпери, но имаше и подраматични стајлизни со овие впечатливи чизми. Покрај црните кожени модели,доста се носеа сивите, зелените и сините чифтови од превртена кожа. Тие беа можеби наајбараното парче од ланските колекции на J.W. Anderson , покрај чантата Pierce.
Нема коментари