Почнувајќи од денеска до 19 ноември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 16-тото издание на меѓународниот фестивал на Европски филм Cinedays. Организаторите на настанот, Младинскиот културен центар, велат дека „Со скопска линија, европска ‘вожња’ ќе шетаме низ веќе познати програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, МК-Кратки филмови, CINEDAYS+, Студентска програма, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани“.
На програмата, која во целост може да ја погледнете на интернет страницата на фестивалот www.cinedays.mk се наградените филмови на фестивалите во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам…

на програмата е премиерата на филмот “Пченица” на култниот турски режисер Семи Капланоглу
-Би сакале да ја издвоиме премиерата на филмот “Пченица” на култниот турски режисер Семи Капланоглу, кој воедно ќе биде и почесен гостин на фестивалот за премиерата, но и Претседател на жирито во Официјалната селекција. Со гордост ја најавуваме и долгочекуваната македонска премиера на филмот „Исцелител” на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, чија интернационална премера е во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, а е и дел од натпреварувачката програма на еден од најпрестижните европски фестивали Tallinn Black Nights. Годинава Cinedays 2017 сериозно придонесува кон развојот на европскиот филм во домашни и светски рамки, со што се одвојува специјален фонд за награди од 300.000 денари за Најдобриот филм во Официјалната селекција и 300.000 денари за Најдобриот филм во селекцијата СинеБалкан-велат од МКЦ.

Ќе се одржи македонска премиера на филмот „Исцелител” на режисерот Ѓорче Ставрески
Нема коментари