Инспирирана од Мајорка во Шпанија, едно од нејзините најомилени места во светот, бренд амбасадорката на Манго Софија Санчес де Бетак (@Chufy), за брендот дизајнира ексклузивна колекција на летни фустани во бохо-стил, лелеави, привлечни и направени од одржливи материјали. Со овие креации ќе можете секаде со себе да го понесете духот на Медитеранот.
-Oбожавам да носам фустани што сум ги купила на различни места. Кога сум во град, ги ценам како сувенири од тоа патување што ме враќаат во тоа убаво време кога сум била опуштена, без распоред, со семејството и пријателите. Ги затворам очите и фустанот ме носи таму – вели Софија.
Колекцијата Chufy x Mango содржи шест рокантични фустани во бохо-стил совршени за летните денови.
Софија долго време соработува со Манго и секако е дел од групата #MangoGirls. Таа своевремено облече модел на Манго на црвениот килим на Мет Гала, со што Манго стана првиот хајстрит-бренд што се појавил на најгламурозниот моден настан на кој доминира високата мода.
Нема коментари