Италијанската модна куќа „Валентино“ ја откри новата кампања за колекцијата за пролет-лето 2017 во која се појавува една од оригиналните супермоделки, 48-годишната Кристи Тарлингтон. Ова е прва рекламна кампања на куќата откако си замина Марија Грација Кјури и на позицијата креативен директор остана само Пјерпаоло Пичоли. Фотографиите ги потпишува Дејвид Симс, а покрај Тарлингтон во пролетните парчиња на „Валентино“ позираат и Лија Кебеде, Ратнер, Феи Феи Сун, Блеснаја Минер и Мали Копман. Во кампањата во која се прави микс на супермодели со нови манекенски лица, употребен е концептот на црно-бел студиски портрет со што се нaгласува безвременската вредност на портретот.
Нема коментари