Психијатриската болница во Виена, Gugging, била инспирација на шкотскиот моден креатор Кристофер Кејн за новата, предесенска колекција за 2017. Таму поминал доста време со уметници, кои се пациенти за установата. Тој изјави дека „нивните цртежи и уметност навистина го мотивираледа создаде нова линија“. Во клиниката Maria Gugging тој ја сними и промотивната фотосесија за колекцијата. Креациите имаат уметничка нишка, а во очи прво паѓаат раскошните колоритни обетки и врвците налик на големи глуварчиња. Креациитесе украсени со впечатлици принтови, животински шари, цветови и портрети. Направени се уникати комбинации на здолништата со плисе со долгите капути од кадифе и крзно, а понудени се ретро фустани и блузи со нагласен волумен со флорални апликации .
Нема коментари