Боемска лежерност, пастелни нијанси, мноштво карнери и хит чанти се елементите по кои е препознатлива париската модна куќа Chloé, која деновиве на модната недела ја прикажа новата колекција за пролет-лето 2017 дизајнирана од Клер Вејт Келер. Покрај анализатата на облеката, модните уредници, блогерите и трендсетерите низ колекцијата секогаш ја бараат следната многу посакувана чанта, а за пролет 2017 „ит“ додаток е оваа чанта во облик на полукруг, со деликатни нитни и со голем обрач како рачка за држење. Овој модел наречен Nile доаѓа во неколку верзии, главно со мала димензија, во беж, црна или со пачворк мотив, а се претпоставува дека брзо ќе биде дел од стилот на #ChloéGirls.
Нема коментари