Летниот период е идеален за отворање на привремени продавници на големите модни куќи на различни дестинации за одмор, една таква е поп-ап продавницата на Кристијан Лубутан отворена пред неколку дена на островот Миконос. Наречена Loubi Beach оваа продавница е на популарниот грчки остров на кој преку лето се одржуваат супер журки. Во ентериерот на продавницата доминира црвена боја, неонски рамки и розови полици на кои се поставени многу посакуваните чевли и чанти со потпис на дизајнерот Лубутан. На плафонот е инсталација од пешкири и нозе од кукли обуени во тренди чевли. И токму овој ентериер е вистински магнет за Инстаграм фотки. Ако сте летово на Миконос побарајте ја ова поп-ап продавница во Nammos Village. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари