Облекувањето за на работа во овој период кога ги носиме дебелите зимски јакни или капути можеби не е инспиративно, но тоа не значи дека не треба да бидеме елегантни, женствени и со стил. Да направиме анализа на следниве модни комбинации на неколку жени со стил, кои може да ги примените и во канцеларија.
Амал Клуни носи класична комбинација од костим со здолниште, осовременете го изгледот така што ќе одберете некоја поинтензивна боја
Уште една класична комбинација од сако и панталони со едноставен крој – стилско решение со кое нема да погрешите
Оливија Палермо не се плаши да измеша два принта
Кога е навистина многу студено, дури и во канцеларија, изберете дебела ролка што ќе ја комбинирате со крзнено палто
Осмелете се со комбинезон како деловно парче, и носете го во микс со ролка во посветла нијанса и класичен капут
Шарените панталони можеби ви изгледаат како дел од пролетна комбинација, но со вистинските чизми до глужд и елегантен блејзер може да ги носите и во овој период од годината
Миди здолниште + високи чизми, ова е едноставна, но трендовска комбинација
Панталоните со 7/8 должина може да бидат зимски доколку се од подебела ткаенина како кадифе (не заборавајте дека кадифето е повторно модерно!), како овие што ги носи Кејт Босворт и ги комбинирала со шарена ролка и ниски обувки
Ролката се чини е одлично зимско парче кое може да се комбинира на повеќе начини како на пример со сако, но тогаш бирајте потенка ролка од памук, за да го избегнете гломазниот изглед
Сепак може умешно да ја искомбинирате и подебеле, плетена ролка. Овде е во спој со шарено здолниште, дебели хулахопки, чизми до глужд, капут од твид и чанта во ведра боја
Нема коментари