Моделите чевли и чизми на Timberland можеби ви се чинат се гломазни, спортски или наменети за планинарење, но во понудата на брендот може да се најдат есенски чизми кои со правилен стајлинг може да изгледаат шик и модерно. Во овие обувки ќе бидете затоплени и во исто време ќе изгледате одлично.
Саботен ручек во бистро
Кафени чизми до глужд со кариран детаљ во комбинација со бела кошула, кашмирен џемпер и фармерки.
Лежерно попладне поминато во шопинг
Додека шетате низ продавници сакате да носите удобни обувки како овие високи чизми кои лесно ќе ги соблекувате и облекувате доколку пробувате повеќе работи. Дополнете со фармерки од мек тексас и кошула што лесно ќе ја раскочувате, а врз сето тоа пончо или наметка.
Вечера во ресторан
Моделов чизми со високи потпетици е идеален кога излегувате во врнежливи и студени вечери, а сакате да се чувствувате топло и со суви стапала. Комбинирајте со здолниште, свечена блуза и впечатлив накит.
Настан на отворено
Иако е есен сè уште се оджуваат одредени настани и промоции на отворено, па во таква пригода облечете удобен фустан од подебела ткаенина во микс со светло кафни чизми до колена.
Прошетка во парк
Удобни чизми со војнички стил во комбинација со памучна блуза, хеланки или полежерни панталони и широк и долг кардиган.
Нема коментари