Променливите aприлски денови понекогаш ви создаваат проблеми околу планирањето на облеката за на работа – повеќе не е зима, па се откажуваме од капутите и чизмите, ама не е доволно топло за вистинска пролетна гардероба, тенка облека и отворени чевли. А во секој момент може и дожд да ве начека. Па тогаш што да облечете за во канцеларија!? Бирајте потенки палта, миди здолништа, лесни џемпери, панталони со висока половина, а нема да погрешите ако примените слоевито и складно редење на парчиња, што овозможува соблекување/облекување според временските услови. Еве неколку шик идеи позајмени од стилските ѕвезди, а кои можете да ги примените за овој преоден период кога времете е топло-ладно. Повеќето комбинации се класични и може да се носат со години.
Трендовки парчиња споени за изглед за постудените пролетни денови – кошула со панделка, килот-панталони, чизми до глужд и палтенце во боја за пречекување на пролетта
Молив-здолништето секогаш е добра идеја за канцелариски изглед, а комбинирајте го со џемпер по примерот на блогерката Кандела Новембре
Одете на едноставна варијанта со панталони со висока половина и кошула, но во стилови кои отскокнуваат – на пример, оваа кошула од Лејла Јавари има впечатливи копчиња и големи манжетни
Класичното плисирано здолниште станува поинтересно ако е во јака боја или принт. Комбинирајте го со едноставна и еднобојна блуза и класични мокасини
Носете потопли модни парчиња, ама во поживи и посветли бои како Каролин де Мегре која одбрала бели широки панталони, свилена блуза и жолто палтенце
Наместо капут, како Каролина Иса облечете повеќе слоеви под костимот, кои ќе можете да ги додавате или одземате зависно од временската пригода. Интересна е комбинацијата од закопчана кошула, тенок џемпер и блејзер, игра на пропорции која дава дополнителна димензија на деловниот имиџ
Ако работите во канцеларија која дозволува покежуал облека, за оваа пролет одберете џинс, но комбиирајте го на префинет и поелегантен начин. Модната дирекорка на британски Vogue, Сара Харис, носи едноставен крој на фармерки со висока половина во комбинација со елегантна кошула, тенка ролка под неа и класично сако над кошулата
Транзицискиот моден период е одлично време за неконвенционално плетиво, како овој ребрест, плетен фустан на Оливија Палермо кој што го комбинирала со чизми до глужд. Дополнително може да додадете и ремен за да ја нагласите половината и да ја избегнете гломазната силуета. Чизмите заменете ги со полежерни ниски чевли.
Нема коментари