Американскиот бренд J.Crew понуди нов каталог како водич за деловен изглед за млади вработени девојки кои почитуваат шик мода во канцеларија. Тоа се модели кои спаѓаат во класичниот деловен стил, како костим со панталони, молив-здолниште, фустан со рамен крој и твид-сако, но во комбинација со посовремени детали како тренди чанта, мокасини, златни алки, па дури и патики, за да се постигне младешки дух. Овие шест изгледи се стајлиш, и што е исклучително важно кога е деловната облека во прашање, мошне удобни.
Нема коментари