Женственоста и феминизмот по терк на Марија Грација Кјури повторно се слави во колекцијата за есен-зима 2017/18 и во новата реклама на париската модна куќа „Диор“. Во втората кампања направена под креативно водство на Кјури се појавуваат девет манекенки кои доаѓаат од различни страни на светот, меѓу кои Рут Бел, Адњоа Абоа и Јин Венг, а фотографиите ги направи Брижит Лакомб.
Манекенките со самоуверен поглед и став позираат во координирани стајлинзи, поради што изгледаат како шик армија. Со есенската колекција во која провладуваат нијанси на сина боја, омилената на Кристијан Диор, а кампањата се фокусира на мешавина на џинс креации, добри скроени палта и везени тоалети.
Нема коментари