Втора година по ред авторката на The Blonde Salad, Кјара Ферањи, е прогласена за највлијателна модна блогерка во светот. Годишната листа на сајтот Fashionista е направена врз база на повеќе параметри: застапеност во социјалните мрежи, број на следбеници, број на посетеност на блоговите, растење на брендот, „ИТ“- факторот и пребарувањата на Google. Бројките и оваа година беа на страна на италијанската блогерка, која сега е стационирана во Лос Анџелес. Таа има неверојатни 5.6 милиони следбеници на Инстаграм и 1.2 милиони на Фејсбук, а дневни собира голем број кликови и на блогот.
The Blonde Salad прерасна во препознатлив бренд изминативе години. Ферањи лансира своја линија на чевли, која лани имаше приход од 10 милиони долари, а наскоро ќе има и свој продажен салон во Милано. Се појави на насловните на повеќе од 25 магазини, а е првата блогерка што ја красела насловната на Vogue. Заштино лице и глобален амбасадор е на повеќе брендови меѓу кои Pantene и Amazon Fashion.
Покрај нејзе втора на топ-20 листата за блогери со највлијателен стил во 2016 е Ејми Сонг која стои зад блогот Song Of Style. Таа има 3,4 следбеници на Instagram, голема посетеност на сајтот и е доста популарна на Pinterest и YouTube. Има свои линии на облека и накит. Следува 22-годишната Швеѓанка Кристина Базан чиј блог е Kayture. Таа е глобален амбасадор на L’Oreal Paris, договор вреден сума со седум цифри. Кристина има најголем број на следбеници на Facebook на оваа листа, повеќе од 2 милиони, а на Инстаграм ја следат 2.3 милиони. Таа е миленичка на голем број брендови како Dior, Balmain, Louis Vuitton и Valentino.
Високо на листата се и Julia Engel (Gal Meets Glam), Wendy Nguyen (Wendy’s Lookbook), Julie Sariñana, (Sincerely Jules), Blair Eadie (Atlantic-Pacific) Hriselle Lim (The Chriselle Factor), Gala Gonzalez (Amlul By Gala Gonzalez) и Nicole Warne (Gary Pepper Girl).
Вториот дел од топ-20 почнува со Jessica Stein, (Tuula) , а следуваат Bryan Grey Yambao (Bryanboy), Helena Bordon, Danielle Bernstein, (We Wore What), Negin Mirsalehi, Rumi Neely (Fashion Toast), Nicolette Mason, Susanna (Susie) Lau, (Style Bubble), Sarah Vickers (Classy Girls Wear Pearls) И Margaret Zhang (Shine By Three).
Нема коментари