Француската козметичка куќа Lancôme ја откри новата муза – Италијанката Кјара Ферањи, препознатлива по својот моден блог The Blonde Salad, денес веќе бизнисменка и модна инфлуенсерка. Нејзината соработка со Lancôme ќе значи промовирање на козметиката на брендот на социјалните мрежи, но и бројни проекти во текот на годината кои засега се чуваат во тајност. Спојот на Ферањи и Lancôme е спој на италијански стил со француска мајсторија.
„Возбудена сум поради оваа единствена соработка со Lancôme. Уште како млада девојка во Кремона бев обожавателка на овој бренд. Парфемот Trésor е мирисот што ги одбележа моите тинејџерски години. Ги почитувам и делам вредностите настанати низ историскиот развој на брендот. Неговиот идеал за убавина претставува покана за лична среќа и самоостварување, кои се темелите и на мојата философија. Горда сум што поради моите дела и влијанието што го имам, куќата Lancôme ми покажа доверба и ми ја додели улогата на муза – вели Кјара.
Од Lancôme Ферањи ја опишуваат како една од највлијателните личности на интернационалната модна сцена, пример за жените во целиот свет, самопрогласена „зависничка од шминка“ и активистка за среќа. „Соработката со Кјара Ферањи ја симболизира нашата подготвеност да инспирираме милиони жени преку примери со кои и самите можат да се поистоветат. Горди сме што можеме да соработуваме со толку инспиративна, блескава, влијателна жена која зрачи со енергија, која е суптилна комбинација на шик и интелегенција, за да уште еднаш потврдиме дека среќата е најдобрата манифестација на убавина“, изјави Франсоа Леман, генерална директорка на Lancôme International.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари