На мрежата ТикТок во моментов доминира црвена нијанса на коса, во темни и загасити тонови наречена cherry cola, трендот се префрли и на Инстаграм и се очекува да биде популарна боја на коса оваа сезона. Покрај чоколадн-кафени тонови, руса коса, бајлаж и прамени во светли тонови, време е за cherry cola за сите оние кои сакаат да имаат црвена коса, но и за оние ќе се одлучат да направат драстична промена во својот изглед.
Хаштагот #cherrycola има преку 50 милиони прегледи, а се однесува на трендот на темна нијанса на црвена коса која асоцира на вишна и кола, со потемни прамени во боја на грозје и нешто посветли во боја на малина, но ги исклучува огнени портокалови тонови. Често ја бираат бринетите кои на својата коса сакаат да додадат чувство на длабочина, како и свежина на лицето. Бојата cherry coke може да варира од црвена со малку кафена боја, па до скоро боја на црвено вино.
Нема коментари