Легендарната пејачка стана заштитно лице на есенската кампања на американскиот дизајнер Марк Џејкобс, а на првата објавена фотографија изгледа опасно во црн коплет од јакна украсена со црни камчиња и здолниште со проѕирни елементи. Шеесет и девет годишната Шер ја фотографираше Дејвид Симс, а стајлингот е на Кејти Гранд која всушност вчера прва откри на „Инстаграм“ дека Шер е новата муза на Џејкобс. Пејачката и дизајнерот на почетокот на месецот заедно се појавија на Мет Гала, кога таа носеше светкав фустан од негова колекција.
Нема коментари