Трендсетерката Оливија Палермо ја надополни својата ексклузивна колекција за Nordstrom – Chelsea28 со нови практични креации. Летната линија содржи удобни панталони, елек без ракави, лелав фустан и шорцеви, со меки сулуети и модерен крој. Креациите се елегантни и лесно прилагодливи за повеќе пригоди. Лесните материали и флексибилниот крој ќе овозможат лесно движење во топлите летни денови. Доминира белата боја, надополнета со црни пруги и дискретни принтови. Колекцијата ќе може да се набави на Nordstrom.com.
Нема коментари