Третата генерација модна инспирација од семејството Биркин-Генсбур доаѓа во ликот на Алис Атал, ќерката на француските актери Шарлот Генсбур и Иван Атал, и внука на легендарните Џејн Биркин и Серж Генсбур. Алис заедно со Шарлот се заштитни лица на новата кампања на францускиот бренд Comptoir des Cotonniers, кој сега слави 20-годишне јубилеј. Брендот е познат токму по тоа што 20 години креира облека за мајки и ќерки и во своите рекламира ангажира познати или обични мајки и ќерки. Ова е прва колекција на Ан-Валери Аш како креативен директор на Comptoir des Cotonniers, а кампањата на неколку локации во Париз ја фотографираше Алистер Меклелан.
Нема коментари