Француската актерка и пејачка, ќерка на славните Џејн Биркин и Серж Гензбург, му останува верна на својот пријател, дизајнерот Никола Геские, и откако овој почна да креира за „Луј Витон“, сега носи модни парчиња од тој бренд. Шарлот и Никола соработуваат и другаруваат уште од времето кога дизајнерот почна да работи за брендот „Баленсијага“.
Актерката многу често се појавуваше облечена во модели на „Баленсијага“, дури и беше заштитно лице на парфем од модната куќа. Но, откако Геские го напушти брендот „Баленсијага“ за да работи во конкурентскиот „Луј Витон“, логично беше Шарлот да го следи дизајнерот со кого долго соработува.
Па така, на неодамнешната проекција на нејзиниот нов филм „Нимфоманка“ во Њујорк, Шарлот се појави облечена во новата креација на „Луј Витон“ од глава до петици. Комбинацијата е од првата колекција на Геские за брендот прикажана пред две седмици во Париз и се состои од бела, свилена кошула, жолто-црн елек со В-изрез и црни кожени панталони со беж полудлабоки, лакирани чизми.
Нема коментари