Овонеделната насловна страница на француски Elle ја краси актерката и музичарка Шарлот Гејнсбург, во моментов актуелна со филмот „Нимфоманијак“ на Ларс фон Триер. Фотографијата е дел од последната фотосесија на нејзината сестра Кејт Пери, која почина минатиот месец во Париз. Кејт и Шарлот се ќерки на модната икона Џејн Биркин, веројатно најпозната по тоа што е музата зад моделот чанта „биркин“ на брендот Hermes.
Нема коментари