Креативниот директор на париската модна куќа „Шанел“ Карл Лагерфелд одлучи новата интерсезонска колекција да ја прикаже во Хавана, каде што вчера организира ревија на улицата Пасеа дел Прадо во главниот град на Куба. Првата ревија на „Шанел“ на тлото на Јужна Америка значеше модна инвазија на градот и нова доза на гламур каков што Куба веројатно нема видено. За ревијата на „Шанел“ во Куба опатуваа Жизел Бундшен, највлијателните луѓе од модата, познати личности како Ванеса Паради, Тилда Свинтон и Џералдин Чаплин, а Лагерфелд прикажа ресорт колекција исполнета со стилови и бои од овој карипски остров кој сè повеќе се отвора кон светот во политичка, економска, сега и во модна смисла.
Нема коментари