Париската модна куќа Шанел во летната сезона се сели во Сен Тропе на француската ривиера, и во елегантната вила La Mistralée отвора поп-ап продавница
Секоја година од 2009-тата Шанел „заминува“ во Сен Тропе за летниот период. Поточно, се позиционира во вилата La Mistralée, во срцето на селото, и тука отвора поп-ап бутик. Оваа сезона во вилата е креирана хармонична атмосфера со ултра современ декор. Инспирирани од колекцијата пролет-лето 2021 година, мебелот и материјалите се проткаени со топли бои, осцилирајќи помеѓу крем, црно-бело – класичните кодови на куќата основани од Коко Шанел – и „валкано“ розова боја.
Шармот на Медитеранот сублимиран од Шанел
Секоја соба во вилата вклучува силуети од колекцијата за пролет-лето 2021, потоа од капсулата колекција Coco Beach, како и разни креации на накит и додатоци. Има и голем избор на најновите модели на чанти со двојното C, препознатливо за брендот. Во надворешниот дел има базен и повеќе лежалки и столици, на кои купувачите ќе можат да се релаксираат и одморат после шопингот.
Нема коментари