Карл Лагерфелд овојпат не отпатува во некоја далечна дестинација и после Куба, Единбург, Дубаи, Салзбург, Далас, предесенската колекција на „Шанел“ која го носи називот Chanel Métiers d’Art ја прикажа во Париз, во хотелот Риц“ во кој долго време живееше Коко Шанел. Долгогодишниот дизајнер на „Шанел“ се врати во Париз, во местото кое е важно за основачката на брендот, Коко Шанел, и во една од салите на „Риц“ ја прикажа #ParisCosmopolite колекцијата, која нè враќа во ерата и армосферата на Коко во Париз. Манекенките шетаа меѓу масите на кои седеа поситителите, а во моделите на „Шанел“ се појавија Кара Делевињ, Маријакарла Босконо, новото заштитно лице на брендот Лили-Роуз Деп, потоа музичарот и продуцент Фарел Вилијамс, но и неколку деца на познатите како ќерките на Лајонел Ричи, Мик Џегер, Лорин Хил и Силвестер Сталоне – Софија, Џорџија Меј, Села и Систин.
Лагерфелд во предесенската колекција за 2017 прикажа серија на модели од твид, плетиво, костими украсени со цветови на камелија, палта со златен вез, нагласени рамена, многу бисери, вечерни комбинации во црна, златна и сребрена боја, мери џејн-чевли и чизми над колена, монт-јакни и раскошни наметки. Манекенките имаа цветови како украс во главата, а Paris Cosmopolite креациите асоцираа на 20-тите и 30-тите години, на Париз на кој, како што вели Лагерфелд, сите сакаме да му се вратиме.
Нема коментари