Долгогодишната асистентка на Карл Лагерфлед во париската модна куќа „Шанел“, Вирџини Вјар, во последните сезони се појавуваше на крајот на ревиите давајќи ни до знаење дека е клучен дел од креирањето на „Шанел“ колекциите, сега по смртта на славниот Карл таа ја презеде улогата на креативен директор на куќата. И пред неколку дена ја ја претстави својата деби колекцијата за „Шанел“, комплетно креирана под нејзино водство.
На модна ревија во Grand Palais, Вјар ја прикажа колекцијата за сезоната ресорт 2020 (Chanel Cruise 2020), во која продолжи да ги интерпретира модните кодови на Коко Шанел, слично како и Лагерфелд претходно. Сценографијата на ревијата овој пат е железничка станица на која пристигнуваат гостите, што може да се сфати како симболика за ново доаѓање и реализација дека модата продолжува понатаму дури и без Карл. Но, во сито време асоцира на патувања, честа тема во колекциите на „Шанел“, која се чини е соодветна за ресорт колекција, оној моден формат наменет токму за патувања во луксузни одморалишта и ресорти.
View this post on InstagramAn elegant and gentle approach to the classics for today’s @chanelofficial Cruise 19/20 show ✨. What a very special moment to witness Virginie Viard’s first collection for Chanel depart the station .. A post shared by Amanda Shadforth (@oraclefox) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
1 коментар
Zdravo zaintresirana sum za revija imam iskustvo ako ima revija pisete mi.