Карл Лагерфелд ја трансформира Grand Palais во голем, луксузен терминал C2 од кој трнувате на патување каде ќе ја откриете новата колекција на „Шанел“ за пролет-лето 2016. Гостите тргнуваат на ова патување благодарение на поканите во вид на авионски билет, се чекираат на шалтер и седнуваат на аеродромските клупи од каде ја следат ревијата – прва се појавува манекенката Еди Кембел во мултиколорен комбиезон од твид, со сребрени сандали и сребрен украс на косата, носејќи со себе куфер со логото на „Шанел“. Првата креација ја најави природата на колекцијата па следи сплет на плетива, верзии на костимите од твид, облека и брошеви со мотиви на авиони, микс на полежерни со дамски креации, футуристички авијатичарски очила за сонце и мали чанти со изглед на куфер за патување.
Нема коментари