Вчеравечер во Њујорк беа доделени овогодинешните модни награди на Советот на американски модни дизајнери (CFDA), награди кои се сметаа за најзначајни во американската мода. Церемонијата на која се појавија креатори, модни инсајдери и познати личности ја водеше Џоел Мекхејл, а настапија Џенифер Хадсон и Мајкл С. Хол. Доделени се повеќе награди – најдобар дизајнер на женска колекција е Марк Џејкобс, на машка Том Браун, а интернационална модна награда му припадна Алесандро од „Гучи“. Специјалната награда од одборот на Советот постхумно му припадна на Дејвид Боуви. Дизајнерките од брендот Mansur Gavriel добија награда за најдобри модни додатоци, Бијонсе е прогласена за модна икона, компанијата „Сваровски“ ги награди Брендон Максвел, Orley и Пол Ендрју, а во посебни категории признание добија дизајнерките Дона Каран и Норма Камали, и наградата се медиуми оотиде кај Имран Амед, уредникот на Business of Fashion.
Нема коментари