Кејт Босворт, Ева Мендес, Зое Салдана, Ана Пакин, Ема Робертс, Лизи Кеплен и ред други познати дами оваа сезона се подновија со исти чевли, моделот „Лана“ на лондонскиот бренд Bionda Castana. Високите потпетици, што се врзуваат кај глуждот, се хит на црвениот килим изминативе неколку месеци, без разлика дали станува збор за премиера на филм, доделувања на награди, коктел или ревија, овие елегантни чевли најдоа примена кај актерките, пејачките и модели што негуваат отмен и урбан стил. Актерката Кејт Босворт ги носеше на лансирањето на нејзината апликација Style Thief, модната икона Оливија Палеромо на насловната страница на Brides magazinе, а пејачката Шерил Кол на својата роденденска забава во јуни.
Моделот има ретро изглед, како чевлите од 40-тите години, изгледа елегантно и ја нагласува женственоста. Прилагоден е за потребите на современата жена, која постојано е во движење иима потреба од чевли што истовремено се удобни, но и изгледа добро. Модел во кој ќе може да издржи цел ден, а ќе биде прилагодлив за дневните бизнис-комбинации , за прошетка после работаи за вечерено излегување.
Со восокиот квалитет, дизајн и комфор доаѓа и цената од повеќе од 800 долари. Брендот Bionda Castana е основан од пријателките Наталија Барбиери и Џенифер Портман, кои се поврзале преку нивното исталијанскоо потекло.
Нема коментари