Во деновите пред Св. Валентин модните и козметичките брендови лансираат специјални линии по повод Денот на вљубените со срциња и љубовни пораки наменети за носење или подарување. Во тој стил и дизајнерката на чевли Шарлот Олимпија претстави неколку модели инспирирани од Валентин и со необични имиња кои се резултат на игра на зборови, како на пример Sole Mates, Kiss me Kitty или Love Vamp Pump.
Нема коментари